ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ ВО „РАГУЗА 360“ Ресторанот пеплосан
Неофицијално, нема повредени, но целосно уништена е целата кујна, како и половина ресторан.
Пожарот кој вечерва околу 23 часот избувна во ресторанот “Рагуза 360” на покривот од катната гаража „26 Јули“ во центарот на Скопје е изгаснат.
За време на интервенцијата на прптивпожарните возила булеварот „Мито Хаџивасилев Јасмин” беше затворен за сообраќај.
Според некои медиуми, пожарот избувнал по експлозија на нафтен агрегат во кујната за време на свадбена веселба.
Неофицијално, нема повредени, но целосно уништена е целата кујна, како и половина ресторан.