ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ МУ СЕ СПРОТИСТАВИ НА БУЈАР ОСМАНИ ВО ЧАИР? Вреди со иста артилерија ќе му одговори на Европскиот фронт

Мислам дека во сегашниве околности ДУИ во најдобар случај може да смета само на 7 општини. На овие локални избори даваат сè, само да си ја спасат кожата, вели вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.

317

Вицепремиерот и министер за животна средина и еден од лидерите на коалицијата Вреди, Изет Меџити не ја исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори во октомври.

– Во Вреди деновиве очекуваме резултати од анкети од професионални агенции и тие ќе ни дадат ориентација кој каде ќе биде, но не го исклучувам и тоа како опција – изјави Меџити во интервју за ТВ Канал 5.






Опозициската ДУИ попладнево потврди дека поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ќе биде кандидат на Европскиот фронт за градоначалник на Чаир. Меџити рече дека ако ДУИ навистина излезе со Османи како кандидат дека и тие „ќе одговорат со иста артилерија“.

– Ако ДУИ оди со потпретседател и со членови кои биле кандидат за претседател на државата, министер за надворешни работи и ние ќе одговориме со иста „артилерија“ – изјави Меџити.

Тој рече дека граѓаните гледаат дека Ахмети и ДУИ немаат луѓе кои ќе трчаат на овие локални избори.

– Од 15 општини кои се со мнозинско албанско население, пред да почне трката седум-осум од нив ги даде на алијансите. ДУИ ќе се натпреваруваат само во 7 општини. Мислам дека во сегашниве околности, каде ДУИ раководи со 11-12 општини, во најдобар случај може да смета само на 7 општини. На овие локални избори даваат сè, само да си ја спасат кожата. Ние будно ќе ги следиме овие околности и случувања и ќе одговориме соодветно – рече Меџити.

За актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу и нападите од актуелната градоначалничка Данела Арсовска, тој кажа дека се чекаат резултатите од анкетите, како и дека ги очекува официјалните информации од ДУИ кои ќе бидат нивните кандидати.

Тој ја обвини Арсовска дека не се занимава со градот Скопје туку само со општината Чаир, како и дека инцидентот во кој таа беше нападната бил поврзан со ДУИ.

– Ако сме до дивоградбите, и кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, живее во дивоградба и затоа „не може да зборува за дивоградбите’, туку се скриени зад градоначалничката на Скопје, за да ја искористат за време на кампањата – рече Меџити.

БУЈАР ОСМАНИ ОФИЦИЈАЛНО Е КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЧАИР Од Европскиот фронт ќе има кандидати и од двете крила на Алијанса на Албанците

Поврзани содржини