ИЗДВОЕНИ СЕ 170 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ИНВЕРТЕР УРЕДИ ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ Владата ја субвенционира и потрошената струја за оваа категорија граѓани

Станува збор за клима уреди од класата А+ со инсталирана моќност од 3,5kW.

46

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека е активен огласот за аплицирање за инвертер клими за ранливите категории домаќинства за државата ќе потроши 170 милиони денари 2,7 милиони евра).

– Огласот е објавен, трае 60 дена, отприлика 170 милиони денари се обезбедени за оваа намена. Може сите оние кои ги исполнуваат условите да се пријават на овој оглас, станува збор за клима уреди од класата А+ со инсталирана моќност од 3,5kW. И цениме дека на овој начин ќе придонесеме да тие семејства имаат подобар комфор во својот дом, како во лето, така и во зима. И да се обидеме да интервенираме во делот на заштита на животната средина и намалување на загадувањето, посебно во периодот кога ги затоплуваат своите домови – рече Мицкоски.






Покрај ова владата ја субвенционира потрошената стрија на ранливите семејства, за што веќе се поднесуваат барања. рокот е до 31 август.

Поврзани содржини