ИЗДАВАЧ ОД АЛБАНИЈА ГО ОБВИНИ КАСАМИ ЗА КРШЕЊЕ НА АВТОРСКИ ПРАВА, ТОЈ НАЈАВИ ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА Книгите биле набавени од училиштата
Од Општина Тетово велат дека не сносат никаква одговорност за авторските права, а доколку постои некаква одговорност, неа, според нив, треба да ја сноси издавачката куќа која го извршила снабдувањето.
Сопственикот на издавачката куќа „Онуфри“ од Албанија, Бујар Худри, вчера соопшти дека во Тетовскиот суд ги тужи Општина Тетово и градоначалникот Билал Касами дека донирале книги кои биле отпечатени без да се запазат автoрските права на издавачот.
Худхи изјавил дека на социјалните мрежи видел објава од Касами како подарува книги, меѓу кои биле и изданија од писателот Исмаил Кадаре, за што тврди дека само тој ги има авторските права.
Од Општина Тетово велат дека не сносат никаква одговорност за авторските права, а доколку постои некаква одговорност, неа, според нив, треба да ја сноси издавачката куќа која го извршила снабдувањето.
Од Општина Тетово ги отфрлаат обвиненијата како неосновани и велат дека Худри се вклучил во политички игри.
„Жал ни е што сопственикот на издавачката куќа ‘Онуфри’, Бујар Худри, одбрал да се вклучи во политички игри, при што истовремено ја нарушува професионалната етика и ликот на големиот писател Исмаил Кадаре. Во една објава на Фејсбук, Худри неосновано го обвини градоначалникот на Општина Тетово дека наводно продавал книги од Кадаре за време на една јавна церемонија. Ова е невистинита изјава, со сомнителна заднина, која го нарушува интегритетот на еден јавен функционер и поттикнува непотребни конфликти во културниот и образовниот простор. Градоначалникот на Општина Тетово ниту купил ниту продал книги на кој било официјален настан. Набавката на лектира за потребите на учениците е одговорност на средните училишта, кои ја имаат исполнето оваа обврска самостојно, според потребите и законските процедури. Бидејќи градоначалникот на Општина Тетово на никаков начин не бил вклучен во процесот на набавка, бараме од Худри, јавно да се извини за неоправданото оцрнување на ликот на градоначалникот на Општина Тетово“, се наведува во соопштението од Општина Тетово.