ИЗБУВНАЛ ПОЖАР ПОКРАЈ БЕНЗИНСКА ПУМПА КАЈ БИТОЛА Горела сува трева и трска, пожарникарите спречиле катастрофа

Од страна на командирот на ТППЕ Битола побарано е исклучување на електрична енергија на наведената локација за да можат пожарникарите непречено да интервенираат. 

222

Центарот за управување со кризи (CUK) информира дека денеска во 15:00 часот е пријавен пожар на запалена сува трева и трска спроти бензинска пумпа Пелагонија Петрол (поранешна Тулана) на влезот во Битола од страна на Прилеп.

– Пожарот е под контрола и нема можност од негово ширење – наведуваат од ЦУК.






Во гаснењето на пожарот интервенираат двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

Од страна на командирот на ТППЕ Битола побарано е исклучување на електрична енергија на наведената локација за да можат пожарникарите непречено да интервенираат.

Поврзани содржини