ИЗБУВНА ГОЛЕМ ПОЖАР НАД БИТОЛА Огнот се шири кон Лавци и Смолево, теренот е непристапен
Пожарникари со три екипи се борат со огнената стихија над Битола. - Ќе дадеме сè од себе да го изгаснеме - вели командирот Тодоровски.
Вечерва нешто по 21:30 часот, над Битола избувна шумски пожар кој брзо се прошири во атарот на селата Лавци и Смолево, алармирајќи ги противпожарните екипи и жителите во поширокиот регион.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица – Битола, огнот зафатил тежок и непристапен терен, што дополнително ја отежнува интервенцијата на пожарникарите.
Во изјава за МИА, командирот на ТППЕ-Битола, Христијан Тодоровски, потврди дека веднаш по добиената дојава биле испратени три тимови.
– Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи. Теренот е непристапен, но ќе дадеме сè од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран – изјави Тодоровски.