ИЗБРАНИ ШЕСТМИНА СУДИИ ЗА АПЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ Ќе делат права во граѓанската област

Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Силјановска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани се новите судии кои Судскиот совет ги избра денеска во граѓанска област на Апелационен суд Скопје.

1,115

Судскиот совет избра шест судии за Апелацискиот суд Скопје, кои ќе судат во граѓанска област – Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Силјановска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани.

Претходно во кривичниот оддел на Апелацискиот суд беа избрани четири судии – Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова, Иван Џолев и Бетим Јахја. Судијата Џолев во моментот ја извршува функцијата претседател на Основниот кривичен суд Скопје.






На истата седница Судскиот совет го избра Африм Фидани за претседател на Врховниот суд. Фидани доби 8 гласа „за“ и 5 „против“, додека неговата противкандидатка, доскорешната претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, доби 2 гласа „за“ и дури 11 „против“.

Поврзани содржини