ИЗБРАН Е ИНВЕСТИТОР ЗА ВЕЛЕШКА КОЛСКА Фирмата „Трени Балкани Кочи Дентали“ ќе треба да ја крене на нозе за 3 години
Доверителите на Колска во стечај очекуваат да ги добијат побарувањата за период од 3 години.
Фирмата „Трени Балкани Кочи Дентали“ е избрана да изврши реорганизација на Велешка Колска. За неа на првото рочиште во велешкиот Основен суд се изјасниле сите 90 доверителите кои имаат свои побарувања во фабриката.
Стечајната судијка Дара Арсова ја прифати програмата на фирмата и најдоцна до крајот на месецов треба да ја донесе конечната одлука.
Со тоа фабриката за шински возила која работи од далечната 1916 година, а која е во државна сопственост нема да згасне, а 42 работника ќе продолжат да работат.
Идниот управител и косопственик на Фабриката за шински возила Колска, Георги Трајанов, кој е управител на фирмата Трени Балкани Кочи Дентали ДООЕЛ од Василево вети дека за 3 години ќе го исплати стариот и нов долг на Колска од околу 1,4 милиони евра, дека ќе ги остави на работа 40-тината работници и ќе вработи и нови. Тој планира преку средното училиште за занаети во Велес да вработува нови работници, а за тоа планира и поддршка од некои од поранешните работници кои сега се во пензија да ги обучат младите.
Најголем доверител на Колска и УЈП Регионална дирекција Прилеп со 83 % од долгот на Колска или над 1 милион евра, па следи фирмата „Техно гас“ од Скопје, како и Македонски Железници во помал процент на побарување и ЈКП „Дервен“, а има и повеќе мали доверители-поранешни вработени сега во пензија, а кои бараат отпремнини.
Инаку моментално во Фабриката за шински возила „Велес“ работат 42 работници од кои до крајот на годинава ќе останат и помалку од 40. Како што информира од Фабричкиот синдикат Тони Арсовски од државата немаат добиено плата за февруари, а ќе чекаат и за март, додека К -15 за лани ќе чекаат од новиот газда, кој им ветил. Колска е и пред исклучување од електричната мрежа.
Фирмата „Трени Балкани Кочи Дентали“ е од Василево, струмичко. Партнери на фирмата се италијанската фирма СИТАВ со 40% која работи, исто како, велешка Колска и има над 1 100 вработени и фирмата „Трени Балкани Албанија“ која се подготвува да отвори фабрика за репарација на патничкиот сообраќај во Албанија.