Изборот на македонски претставници во пливање на Олиписките игри во Токио ги раскара МОК и Пливачката федерација

Пливачката федерација смета дека само таа може да ги избира претставници во пливање од земјава.

387

Пливачката федерација (ПФСМ) смета дека е единствена надлежна која може да дава предлози за учесници на Олимпијадата во спортот пливање. Како што соопшти денеска Федерацијата не се согласува со изборот на МОК за претставници во пливање од земјава на Олимпијатата  во Токио. Според ПФСМ во Токио треба да одат : Миа Блажевска Еминова во дисциплината 100 м слободно и Давор Петровски во дисциплината 200 м делфин. 

Неодамна  Светската пливачка федерација (ФИНА) го извести Македонскиот олимписки комитет и ги потврди  Филип Деркоски и  Миа Блажевска Еминова за учесници на Летната Олимпијада во Токио.






Од Пливачката федерација тврдат дека нивен треба да биде изборот на претставниците во пливање од нашата земја на Олимписките игри во токиот, бидејќи се  единствена надлежна и призната олимписка спортска федерација за водени спортови во земјата и единствен легален и признат од најрелевантни спортски институции (FINA, LENи ИОК) во светот, за нејзин репрезент надвор од нашите граници.

– Избор на официјални претставници (пливачи и тренер) за настап на Олимписки Игри Токио 2020, во олимписки спорт – пливање исклучиво може да биде само со предлог и потврда од ПФСМ, според официјални критериуми од страна на FINA и ПФСМ правилник за добивање на универзална карта за настап на ОИ без исполнет FINA „А”или „Б”стандард – велат од пливачката федерација.

Оттаму додаваат дека и промена на официјални претставници (пливачи и тренер) за настап на Олимписки игри во пливање може да се реализира само до потврда и образложение од страна на ПФСМ кон МОК.

Пливачката федерација смета дека се нарушени правилата и пропозициите за избор на македоснки претставник во пливање на Олимписките игри.

– Секое погрешно толкување на правила и пропозиции согласно меѓународни утврдени критериуми еднакви за секоја олимписка спортска федерација во МОК и држава членка во ИОК, ќе биде најстрого санкционирано од страна на единствена матична федерација – ПФСМ и меѓународен Спортско Арбитражен Суд (САС)при ИОК – Лозана – додаваат од Пливачката федерација.

 

 

Поврзани содржини