ИЗБОРИТЕ СЕ МИРНИ, ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕМА ПРИЈАВЕНИ ИНЦИДЕНТИ Се проверуваат наводи за предизборен поткуп

Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности го следи изборниот процес, а електронската адреса [email protected] останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите, соопшти Јавното обвинителство.

57

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвиителство.

Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело.






„Јавен обвинител од ОЈО Струмица денеска усно е известен за погрешно испечатени гласачки ливчиња во Ново Село и извршен е разговор. Известена е Државната изборна комисија да го замени материјалот, но нема елементи на кривично дело. Во текот на вчерашниот ден, поединечни настани со наводи за изборен поткуп се евидентирани во ОЈО Велес, ОЈО Прилеп, ОЈО Крива Паланка и во ОЈО Свети Николе. За сите нив се преземаат дејствија по насоки на јавен обвинител за испитување на наводите“, соопшти Обвиителството.

Има неколку информации и во однос на настани со елементи на прекршување на изборниот молк, се додава во соопштението, но до овој момент вкупно се евидентирани мал број настани кои би можеле евентуално да имаат обележја на кривично дело.

„Изборниот процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување. Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес, а електронската адреса [email protected] останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите“, соопшти ЈО.

И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а Обвинителството тесно се координира и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес, се додава во соопштението.

„Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства“, соопшти Јавното обинителство.

Поврзани содржини