ИЗБОДЕЛ ДВЕ КРАВИ НА БРАТ МУ, ЕДНАТА УГИНАЛА Приведен 72-годишник од гостиварско село кој го повредил добитокот
Инцидентот се случил на 3 јуни, а според информациите од полицијата, една од кравите подлегнала на повредите.
72-годишен жител на гостиварско село бил приведен од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар, откако бил пријавен дека со остар предмет повредил две крави кои му припаѓале на неговиот 62-годишен брат, информираа денеска од СВР Тетово.
Инцидентот се случил на 3 јуни, а според информациите од полицијата, една од кравите подлегнала на повредите.
„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Тетово.
Не се наведени детали околу мотивите за делото, но случајот предизвика вознемиреност кај мештаните.