📽️ ИЗБИ КОНФЛИКТ МЕЃУ ТАЈЛАНД И КАМБОЏА, ИМА МРТВИ Двете земји се обвинуваат за тоа кој прв отворил оган
Тајланд обвинува дека Камбоџа утрово распоредила дронови и трупи на 6 горливи точки долж границата. Талјандските авиони Ф-16 гаѓаа цели во Камбоџа и безбедно се вратиле дома по акцијата. Од друга страна, Камбоџа најави дека нема да толерира навлегување на нејзина територија.
Вооружен конфликт изби меѓу Тајланд и Камбоџа, јавија војските на двете земји, притоа тврдејќи дека огнот го започнала другата страна. Најмалку двајца граѓани се убиени откако бомбардер Ф-16 на Тајланд погоди цели во Камбоџа, објави Ројтерс.
Според ажурираните информации на Би-Би-Си, тајландската армија известила дека бројот на жртви во Тајланд се искачи на 9, додеака 14 лица се повредени.
Tајландскиот контраадмирал Сурасан Конгсири го впери прстот кон Камбоџа обвинувајќи дека утрово, 24 јули, земјат распоредила дронови и трупи на 6 горливи точки долж границата.
Ова, според адмиралот, го поттикнало брзиот одговор на Тајланд кој испратил бомбардери Ф-16 кои интензивно пукале. Армијата на Тајланд исто така известила дека една од Ф16-ките уништила камбоџански воен објект, по што целосно била затворена границата.
– Губиме територија – рече портпаролот на тајландската армија, Риха Сухсуванон, обвинувајќи дека Камбоџа прва испукала артилериски гранати и нападнала со дронови.
Според Министерството за одбрана на Тајланд сите 6 тајландски Ф‑16 се вратиле безбедно и биле неоштетени по планираната воздухопловна акција.
Камбоџа возврати со тежок речник на обвинувања од Тајланд.
Според Си-Ен-Ен, Тајланд ги обвини камбоџанските сили за испукање на две ракети БМ-21 во цивилна зона во округот Кап Чоенг, покраината Сурин, при што беа повредени тројца цивили.
A new war is approaching: Heavy fighting broke out on the border between Thailand and Cambodia, — CNN.
The Royal Cambodian Army shelled several Thai border towns with multiple rocket launchers.
In response, Thailand closed its border with Cambodia because of these attacks.… pic.twitter.com/HwJVxxfipp— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) July 24, 2025
Земјата вели дека „силно ја осудува бруталната и неодговорна воена агресија на Кралството Тајланд против суверенитетот и територијалниот интегритет на Камбоџа“, обвинувајќи дека авионите Ф-16 бомбардирале јавни патишта на нејзина територија.
– Бомба паднала врз куќи. Убиени се двајца цивили. И покрај тоа, 40.000 жители од 86 села беа евакуирани во безбедни засолништа со бетонски ѕидови и вреќи со песок – изјави Суттирот Чароентанасак, шеф на окружната управа во провинцијата Сурин.
Од друга страна, тајландското Министерство за надворешни работи објави дека Камбоџа испукала „тежок артилериски оган“ врз тајландска база и врз цивилни објекти, вклучително и врз една болница.
Тајландската амбасада во камбоџанскиот главен град Пном Пен ги повика своите граѓани да ја напуштат земјата „што е можно поскоро“ поради интензивирањето на граничните судири, предупредувајќи дека конфликтот би можел „да се продолжи и дополнително да ескалира“, објави Си-Ен-Ен.
Претходно, во дипломатска пресметка, Тајланд повлече свој амбасадор од Пном Пен и му се закани на камбоџанскиот амбасадор со исфрлање, бидејќи на тајландските војници им експлодираа мини при патролирање близу спорна погранична зона.
Претходно во јули, тројца тајландски војници биле повредени од мини. Тајланд обвини дека Камбоџа поставила нови мини, додека Камбоџа тврди дека станува збор за мини кои се остатоци од Втората светска војна.
Претседателот на камбоџанската влада, Хун Манет, на социјалните мрежи повика на итно повлекување на тајландските сили велејчи дека Камбоџа нема да толерира навлегување во нејзина територија.
Конфликт меѓу земјите имаше и на 28 мај оваа година, кога во областа „Emerald Triangle“ (Chong Bok), критична спорна зона, беше разменет оган. Во престрелката загина еден камбоџански војник. И тогаш двете страни обвинија дека спротивната војска преминала границата прва.