ИЗБЕРИ ЖИВОТ, ГЛАСАЈ ЗЕЛЕНО Интегративците го открија изборниот слоган
Зелено значи чисти градови, без ѓубре на улиците, чиста вода во сите општини и чист воздух, модерна инфраструктура, чиста и евтина енергија за сите граѓани, создавање одржливи работни места, рече Османи.
„Избери живот, гласај зелено“ е слоганот со кој Демократската Унија за Интеграција ќе настапи на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври, рече на прес конференција партискиот портпарол Бујар Османи. Тој истакна дека изборната програма на ДУИ е заснована на пет столба со крајна цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.
– Демократската унија за интеграција денеска го откри новиот слоган за претстојните локални избори, бидејќи заедно мора да го оствариме зелениот сон. Изборната кампања треба да открие како кандидатите уште повеќе ќе ги развијат нашите општини, ќе ги вклучат граѓаните и како секој ден ќе го слушаат нивниот глас. ДУИ се обидова да остане партија на дадениот збор и оствареното дело, затоа се договоривме сите кандидати да се придржуваат до зелената агенда за подобрување на квалитетот на животот – рече Османи.
Тој додаде дека зелено значи чисти градови, без ѓубре на улиците, чиста вода во сите општини и чист воздух, модерна инфраструктура, чиста и евтина енергија за сите граѓани, создавање одржливи работни места за да ја поттикне економијата. Нова задача на кандидати за градоначалници е да ги направат општините уште подобри, позелени.
– Нулта агенда е да бидеш избран да се добие доверба од граѓаните. Нашите градоначалници ќе ја обезбедат и заштитат оваа доверба по секоја цена. Новина на овие избори е НУЛА политиката, што значи нула отпад, нула злоупотреба, нула лошо управување, нула корупција, нула да биде скитник, нула недостаток на паркинг, нула дивоградба, нула запоставени граѓани. Овие пет општи ветувања не се само изборно ветување на кандидатите за градоначалници, туку се нов задолжителен кодекс на однесување. Квалитетен живот за сите граѓани и за ова, ќе ги држиме за збор сите градоначалници – рече Османи.