Избегал откако со камион удрил пешак

643

КАМИОН УДРИЛ ВО ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ – На 17.10.2020 во 09.30 часот било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ товарно возило управувано од едно лице удрило во пешакот М.Р.(77) од Скопје и го напуштило местото на незгодата. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО ШТИП – На 17.10.2020 во 12.25 часот било пријавено дека во кругот на Клиничка болница Штип патничко возило „фолксваген венто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Штип, удрило во пешакот С.М.(56) од Штип. Во незгодата С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во истата болница. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.






МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 17.10.2020 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Д.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

УАПСЕНО ЛИЦЕ ОД АЛБАНИЈА БАРАНО СО ПОТЕРНИЦА – На 17.10.2020 во 15.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во Република Северна Македонија, при пасошка контрола кај К.Е.(37) од Р.Албанија, било утврдено дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол Грција. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

УДРИЛ ВО МАШИНА ЗА СЕЧЕЊЕ ДРВА – На 17.10.2020 во 07.35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, кај с.Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу работна машина за сечење дрва, управувана од Б.Џ.(40) од Струмица и патничко возило „опел астра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од с.Петралинци, струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на работната машина, а со телесни повреди се здобиле сопатникот од работната машина К.С. и С.Д., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Во координација со Јавен обвинител, извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

ПРИВЕДЕН БЕЛГИЕЦ, ДАЛ ТУЃА ЛИЧНА КАРТА – На 17.10.2020 во 10.55 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, за излез од Република Северна Македонија, при пасошка контрола кај В.Б.J.M.(55) од Белгија, било  констатирано дека тој на увид доставил туѓа белгиска лична карта на име J.Л.Ц., издадена во Белгија. Идентитетот бил утврден врз основа на возачка дозвола издадена во Белгија. Поради сторен прекршок по чл.10 ст.3 од Закон за странци, казниво по чл.217 ст.8 од Закон за странци, тој бил приведен во Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Деве Баир, а потоа предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

ГО ИЗБРИШАЛ ПЕЧАТОТ ЗА ЗАБРАНА ВО ЕУ – На 17.10.2020 во 14.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, за излез од Република Северна Македонија, при контрола на Е.Р.(36) од Р.Албанија, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, било констатирано дека на една страница на патната исправа имало механичко бришење на штембил, на кој имало забрана за влез во земја членка на ЕУ. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

СКОПЈАНКА КАСНАТА ОД КУЧЕ – На 17.10.2020 во 07.40 часот во Полициската станица Центар А.С.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ била касната од куче скитник.

Поврзани содржини