ИЗБЕГАЛ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА, ПА СЕ ПОПИШМАНИЛ Маж фатен со украден автобус
Мажот бил фатен вчера на Мостот на обединување што ги дели двете држави откако ги игнорирал војниците кои побарале од него да застане, а потоа го удрил автобусот во барикада.
Јужнокорејската полиција уапси севернокорејски дезертер кој се обидел да се врати во Северна Кореја во украден автобус, јави Би-Би-Си.
Мажот бил фатен вчера на Мостот на обединување што ги дели двете држави откако ги игнорирал војниците кои побарале од него да застане, а потоа го удрил автобусот во барикада.
Тој на полицијата ѝ рекол дека сака да се врати во Северна Кореја откако доживеал тешкотии на југот, јавуваат јужнокорејските медиуми. Тој, наводно, ја напуштил Северна Кореја пред 10 години.
Утврдено е дека во моментот на инцидентот не бил под дејство на алкохол или на дрога.