ИЗЈАВАТА НА ЗАЕВ Е НЕОДГОВОРНА Петковски е против оставката на премиерот како резултат на локалните избори
Изјавата е неодговорна, нека ми прости премиерот. Пред една година победивме, формиравме влада пред една година, не ја сваќам поентата да се поднесе оставка ако се загубат локални избори. Тој е премиер, мандатот е четири години, вели Петковски.
Тито Петковски се противи на најавеното повлекување од премиерската функција на Зоран Заев, доколку во вториот круг од изборите биде загубена битката за градоначалничката функција во Скопје.
– Изјавата е неодговорна, нека ми прости премиерот. Пред една година победивме, формиравме влада пред една година, не ја сваќам поентата да се поднесе оставка ако се загубат локални избори. Тој е премиер, мандатот е четири години – вели Петковски чија партија е во коалиција со СДСМ.
Петковски прави дистинкција и помеѓу централната и локалната власт.
– Ова беа локални избори со парламентарен шмек, нема да бидат градоначалници Заев или Мицкоски, или СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Овде кампањата излезе надвор од интересот на граѓаните – изјави Петковски за „Утрински брифинг“.