ИЗЈАВАТА НА КАНДИДАТОТ НА ВРЕДИ ЗА БРВЕНИЦА НЕ Е СТАВ НА КАСАМИ Тетовскиот градоначалник уверува дека ги претставува сите граѓани
Касами и Вреди не ја поддржуваат изјавата на кандидатот Хаким Рамадани, кој е и директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа кој на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рекол дека „треба да се знае кој е газда на својата земја".
Треба да се обединиме околу заедничките визии за развој. Ставовите на кандидатот за Општина Брвеница се негови лични ставови, јас како градоначалник на Тетово ги претставувам сите граѓани Македонците, Ромите, Турците и секако мнозинството Албанци“, истакна тетовскиот градоначалник Биљал Касами во телевизиско интервју, пренесува Тетова сот.
Во вториот изборен круг во Брвеница, кандидатот на ВЛЕН, Хаким Рамадани, ќе се соочи со актуелниот градоначалник Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Рамадани ја возбуди јавноста најавувајќи соработка со ДУИ, со цел Албанец по секоја цена да победи во Брвеница.
Рамадани, кој е и директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рекол дека „треба да се знае кој е газда на својата земја, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно изјави дека е разочаран од ваквото поведение на коалицискиот партнер. Тој најави дека Хаким Рамасани прво ќе биде победен в недела во Брвеница, а потоа и сменет од директорското место.
Во врска со својата претходна изјава за вториот круг избори во Кичево, Касами истакна дека таа е извадена од контекст и погрешно интерпретирана.
– Треба да се има предвид контекстот и медиумот во кој беше дадена изјавата, како и околностите во кои потоа беше пренесена. Со тоа целосно се извади од нејзината првична идеја – изјави Касами.
Тој појасни дека изјавата е дадена во момент кога, според него, политичките опоненти се обидувале максимално да ја отворат етничката карта во изборниот процес.
КАСАМИ УВЕРУВА ДЕКА РАБОТИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ „Мојата изјава за Кичево беше погрешно протолкувана“