Лекот Ивермектин, кој се користи за лекување на заболени од ковид-19, веќе го има во аптеката во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Љирим Шабани, денеска потврди дека лекот е стигнат во земјава и од утре ќе се продава во аптеките.
Тој минатата недела информираше дека се одобрени сите барања од болниците и веледрогериите кои ги исполниле услови за увоз на лекот.