ИВАНОВСКИ ГО ЗАГУБИ ФИНАЛЕТО ВО ОПАТИЈА Забележа 7 победи од 8 меча на турнирот
Ова за најдобриот македонски тенисер е деветто финале во кариерата, а има пет турнирски победи, последната во 2023 година во австрискиот Крамсах, но поради повреда ја пропушти целата сезона во 2024 година.
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски загуби во финалето на турнирот во Опатија, Хрватска.
Во мечот за трофејот подобар од Ивановски денес беше домашниот тенисер и прв носител на турнирот Лука Микрут со 6:3 и 7:6(4).
Ивановски на турнирот одигра осум меча од кои три во квалификациите и пет на главен турнир и забележа седум победи.
Ова за Ивановски е деветто финале во кариерата, а има пет турнирски победи, последната во 2023 година во австрискиот Крамсах, но поради повреда ја пропушти целата сезона во 2024 година.