Италијанецот „господин П“ на возраст од 101 година го победи коронавирусот
Во најцрните времиња некои приказни имаат пошироко значење – вели заменичката на градоначалникот Глорија Лиси.
Во Италија во морето лоши вести граѓаните ги развесели опоравувањето на 101- годишникот кој се излечи од коронавирусот.
„Господинот П“ како што го нарекле во јавноста за да му го заштитат идентитетот, хоспитализиран е во минатата недела, но во средата е пуштен дома бидејќи го победил вирусот, соопштија вчера од неговиот град Римини.
– Во најцрните времиња некои приказни имаат пошироко значење – вели заменичката на градоначалникот Глорија Лиси.
Најгласувајќи дека „господинот П“ кој е роден во време на пандемијата на шпанскиот грип, кој уби 50 милиони луѓе, Лиси вели дека неговото опоравување им дава надеж на сите.