ИТАЛИЈАНЦИТЕ ЈА ПРИЈАВИЈА ВО ПОЛИЦИЈА НОВАТА СОПРУГА НА КАНЈЕ ВЕСТ Бјанка се шета со голи гради низ улиците
Новата сопруга на Канје Вест била пријавена во полиција поради модниот стил кој го покажува на улиците во Италија, пишува „Дејли мејл“.
Новата сопруга на Канје Вест била пријавена во полиција поради модниот стил кој го покажува на улиците во Италија, пишува „Дејли мејл“. Овој месец, австралиската архитектка Бјанка Ценсори (28) привлече внимание и негативни коментари бидејќи шеташе низ Италија во оскудни комбинации.
Бјанка била без градник во тесен проѕирен костим, а во некои моменти ги покривала голите брадавици со црна чанта која ја носела преку телото. Бројните коментари на интернет велат дека локалните власти треба да ја казнат поради облеката во која се шетала низ Италија.
„Изненадувачки што не беше уапсена. Италија е многу поконзервативна, a во овој случај со право“, „Се надевам дека Италија ќе ги избрка од земјата“, „Ние сме католичка земја, ова е непочитување“, „Штета што не можам да ја уапсам поради јавна непристојност“, се само дел од коментарите.
Според италијанскиот официјален сајт за туризам CIU Travel, локалните жители сметаат дека е навредливо да гледаат посетители како шетаат по улиците во различни состојби со слабо облечени. Бјанка повеќепати се прошета по улиците на Италија со голи гради, кои јасно се гледале под проѕирната мрежеста облека.
Да потсетиме, на почетокот на годината се шпекулираше дека Канје се оженил со Бјанка Ценсори, два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Тие беа видени заедно во јавност со бурми на рацете, а како што тврдат извори, венчавката се одржала во тајност.
Меѓутоа, странските медиуми пишуваат дека младенците никогаш не поднеле барање за дозвола за брак, иако Бјанка во една прилика изјави дека е мажена. Инаку, парот живее заедно во двособен пентхаус во Западен Холивуд.