Италија бара спас за туристичката сезона: На плажите ќе бидат поставени пластични кабини?
Една од идеите за одржување безбедна одалеченост на плажите е да се постават пластични кабини врз кои ќе бидат поставени чадорите, а во нив и лежалките.
Во Италија, која е една од најтешко погодените земји од коронавирусот, деновиве се кројат планови за спасување на летната туристичка сезона.
Една од идеите за одржување безбедна одалеченост на плажите е да се постават пластични кабини врз кои ќе бидат поставени чадорите, а во нив и лежалките.
Меѓутоа, оваа идеја не им се допаднала на сите, пишуваат италијанските медиуми. Експертите оценуваат дека тој концепт би можел да предизвика многу други проблеми како што е дехидрацијата. Тие оценуваат дека единствената можност за отворање на летната сезона е да се постават чадорите и лежалките на безбедна одалеченост, а со тоа и нивниот број да биде намален за 50 отсто.