Италија ја одобри вакцината на „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години

Достапните податоци ја покажуваат ефикасноста и безбедноста на вакцината и за субјектите од оваа возрасна група - велат од италијанското регулаторно тело

179

Италијанската агенција за лекови денеска ја одобри за употреба вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години.

Покрај таа на „Фајзер“ ова е втора вакцина што се препорачува за употреба кај адолесценти, пишува Ројтерс.






– Достапните податоци ја покажуваат ефикасноста и безбедноста на вакцината и за субјектите од оваа возрасна група – велат од италијанското регулаторно тело.

Некои европски земји тврдат дека вакцинацијата на децата е важна за постигнување национален имунитет, бидејќи се шири многу заразниот делта сој.

Од „Модерна“ во мај потврдија дека вакцината е безбедна и ефикасна кај тинејџерите.

Поврзани содржини