Истражување: Eдна доза на вакцина ја намалува хоспитализацијата

Овие први резултати покажуваат дека британската програма за вакцинирање против ковид-19 работи поуспешно отколку што се надевавме - рече Адам Фин, раководител на студијата „AvonCAP“.

530

Една доза од вакцината од „Фајзер-БиоНТек“ или „АстраЗенека“ помага да се спречи развој на потешки форми на болеста за кои е потребна хоспитализација на лица со висок ризик со истовремени заболувања постари од осумдесет години, покажаа раните податоци од британско истражување.

Резултатите од истражувачкиот проект финансиран од „Фајзер“, познат како „AvonCAP“, укажуваат на тоа дека ефикасноста на единечна доза на „Фајзер-БиоНТек“, која започна во Велика Британија на 8 декември, беше 71,4 проценти две недели по вакцинирањето и спречи развој на тешка симптоматска форма на ковид-19 што може да резултира во хоспитализацијата на пациенти чиј просечен животен век е 87 години.






Кога станува збор за вакцината на „АстраЗенека“, која започна да се воведува во Велика Британија на 4 јануари, резултатите покажаа дека ефективноста на единечна доза од истите параметри е 80,4 проценти кај пациентите чија просечна возраст е 88 години.

Програмата е поуспешна отколку што се очекуваше

– Овие први резултати покажуваат дека британската програма за вакцинирање против ковид-19 работи поуспешно отколку што се надевавме – рече Адам Фин, раководител на студијата „AvonCAP“ на Универзитетот во Бристол.

Тој додаде дека резултатите покажале дека вакцините можат да го намалат развојот на потешки форми на вирус кај постари лица, кои припаѓаат на групи со висок ризик и да го ублажат притисокот врз здравствените служби.

Овие податоци се во согласност со претходните наоди од студиите за ефектите на вакцината кај вакцинираната популација во Израел, Шкотска и Англија, што исто така укажа на висока ефикасност по приемот на првите дози.

Една британска студија спроведена меѓу здравствените работници минатата недела покажа дека дури и една доза од вакцината на „Фајзер“ го намалува бројот на асимптоматски инфекции за околу 75 проценти, што исто така значително го намалува ризикот од пренесување на вирусот.

Израелска студија, која минатата недела потврди ефикасност од над 90 проценти по приемот на две дози од вакцината на „Фајзер“, откри дека дури и една доза е доволно ефикасна за да се заштити вакцинираното лице од симптоматска инфекција по две недели.

Поврзани содржини