ИСТРАГАТА ЗА КРМЗОВ ДОПИРА ДО ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ Злоупотребени над 15 милиони евра за поврат на ДДВ
Истрагатаза случајот „Крмзов“ допира до сегашни и поранешни политичари е наскоро ќе бидат објавени информации за милионски суми поврзани со поврат на ДДВ на компании, брифираат владини извори.
Истрагата за случајот „Крмзов“ е при крај и наскоро ќе бидат објавени информации за злоупотреба на милионски суми поврзани со поврат на ДДВ на компании. Според информациите од досегашната истрага излегуваат нови случаи, а злоупотребата досега изнесува околу 15 милиони евра. Истрагата допира до сегашни и поранешни политичари и тие во моментов немаат имунитет, односно не се пратеници, брифираат владини извори.
Во септември беше спроведена акција против даночно затајување во фирми во Струмица, Скопје и во Гостивар. Беа приведени четири лица. Државниот јавен обвинител информираше дека е оформен предмет за даночна измама и за перење пари и дека се сослушани три лица, а за едно се предложени мерки за претпазливост.
Истрагата на надлежните органи околу случајот „Крмзов“ покажува дека над повеќе милиони евра од Еуростандард банка се префрлани на сметки во Турција. Истрагата, според објавите во медиумите, се шири на повеќе струмички компании, кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов за злоупотреба на парите.
Премиерот Христијан Мицкоски на 16 септември во врска со акцијата за даночно затајување рече дека таа е една од низата вакви истраги што ќе следуваат во следниот период. Тој тогаш не откри детали, но рече дека истрагата ќе биде епски голема, за епски голем криминал.