Истрага во Германија за 30 000 осомничени за педофилија
Во аферата што избувна минатата есен во градот Бергиш Гладбах досега се осомничени околу 70 лица. Осомничените со години злоставувале и злоупотребувале деца, а снимките ги споделувале со групи на Интернет.
Германското правосудство води истрага за 30.000 лица осомничени за педофилија во западниот дел на земјата – соопштија денеска локалните власти.
– Сакаме да ги извлечеме од анонимноста на Интернетот сторителите кои злоставуваат деца и оние кои ги поддржуваат – изјави министерот за правда за регионот Северна Рајна-Вестфалија, Питер Бисенбах.
Во аферата што избувна минатата есен во градот Бергиш Гладбах досега се осомничени околу 70 лица. Осомничените со години злоставувале и злоупотребувале деца, а снимките ги споделувале со групи на Интернет.
Досега се откриени повеќе групи со по повеќе илјади членови.