ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО НА МАКЕДОНСКО-УНГАРСКИТЕ ОДНОСИ Амбасадорот Боцевски и Орбан зборувале за нови дострели во сите сфери

985

Македонскиот амбасадор во Унгарија Ивица Боцевски вчера присуствуваше на доделувањето на наградата за граѓанска Унгарија за 2024 година, во организација на Фондацијата за граѓанска Унгарија (Polgári Magyarországért Alapítvány).

Оваа година лауреат беше Јанош Мартоњи, поранешен унгарски министер за надворешни работи и професор по правни науки. Пофално слово за Мартоњи одржа унгарскиот премиер Виктор Орбан кој што подоцна му ја додели наградата.






Боцевски имал можност за кус разговор со Орбан на маргините на настанот.

„Констатиравме дека сведочиме за највисокиот историски врв на македонско-унгарските односи и дека сите земји од Западниот Балкан беа третирани како полноправни земји-членки на ЕУ за време на унгарското претседавање со Советот на Европската Унија. За следната година Унгарија веќе ја подготвува новата средба на Стратегискиот совет за соработка помеѓу двете земји чија што прва седница се одржа во септември во Охрид, во организација на премиерот Христијан Мицкоски. Заклучивме дека следната година допрва ќе сведочиме на нови дострели на македонско-унгарските односи, во економската соработка, политиката, културните врски, како и во сите други сфери. Унгарија ќе продолжи да биде мотор на македонската европска интеграција и тие сметаат дека нашата земја одамна заслужи да стане полноправен член на европското семејство“, напиша Боцевски на својот профил на Фејсбук.

Лауреатот Мартоњи истакна дека поддршката за македонската европска интеграција останува константа за унгарската надворешна политика во сите овие години на извонредни дипломатски односи помеѓу двете земји кои што се надоврзуваат на традиционалните врски помеѓу унгарскиот и македонскиот народ низ вековите.

Во 2012 година, токму во времето на Јанош Мартоњи, како шеф на унгарската дипломатија, и Виктор Орбан, како премиер, Унгарија ја призна нашата земја под нејзиното тогашно уставно име што отвори и нови перспективи на билатералните односи.

 

Поврзани содржини