ИСТОРИСКА ЗАПЛЕНА НА КОКАИН ВО БУГАРИЈА, ИМА УАПСЕНИ Двесте килограми вредни милиони требало да завршат во Белгија
По заплената на 206 килограми кокаин кај „Капитан Андреево“ е покрената меѓународна истрага за случајот со агенции од земји на Европската унија, соопшти бугарското Обвинителство.
Дипломат од ДР Конго, 54-годишен Белгијанец и 43-годишен Бугарин се уапсени при досега најголемата заплена на кокаин во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Кокаинот со проценета вредност од 20 милиони евра бил скриен меѓу лични предмети во 5 куфери во комбе со белгиски таблички кое го возел бугарскиот државјанин.
Заплената се случила на бугарско-турската граница кај преминот „Капитан Андреево“, кој се смета за критична рута за криумчарење кокаин кон Западна Европа.
По заплената на 206 килограми кокаин кај „Капитан Андреево“ е покрената меѓународна истрага за случајот со агенции од земји на Европската унија, соопшти бугарското Обвинителство.
На уапсените лица им се заканува до 20 години затвор, открива окружниот обвинител Иван Стојанов.