„ИСТОРИЈАТА БЕШЕ НЕПРАВЕДНА“ На повидок ново обединување на две европски земји?
Ја поддржувам унијата на Молдавија со Романија. Верувам во унијата меѓу земјите. Тоа ќе се направи во рамките на Европската унија и ќе најдеме решение за тоа, изјави романскиот премиер, Марсел Чолаку.
Премиерот на Романија, Марсел Чолаку, зборуваше за потенцијалната унија на Романија со Молдавија и истакна дека ја поддржува таквата идеја.
Чолаку во разговор за медиумите рече дека се дефинира како застапник на таквата идеја.
– Ја поддржувам унијата на Молдавија со Романија. Верувам во унијата меѓу земјите. Тоа ќе се направи во рамките на Европската унија и ќе најдеме решение за тоа – рече романскиот премиер.
Тој исто така рече дека Романија и помага на Молдавија на многу начини.
– Република Молдавија постигна одржливост со помош на Романија. Тоа е факт. Историјата беше неправедна. Не можам да го сменам минатото, а сегашноста е последица на минатото. Единствено што можеме да направиме е да ја градиме иднината – рече Чолаку.
Чолаку не е единствениот политичар во Романија кој размислува за обединување на земјата со Молдавија. Оваа идеја сè почесто е тема на разговор и меѓу романските националисти.
Политичката реторика е често придружена со натписи „Бесарабија е Романија“ кои се истакнуваат на бројни спортски и други настани, а кои укажуваат на аспирациите на националистите во оваа земја кон територијата лоцирана во Молдавија, како и на делови од Украина.