ИСТЕЧЕ РОКОТ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ЧЕБРЕН СО ГРЧКИОТ КОНЗОРЦИУМ Здужението на инженери се повикува на Одлука на Владата
Најповолниот понудувач ППЦ-Архиродон беше должен во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука (до 15 декември 2023 година), да склучи договор за заедничко вложување и да основа Друштво за посебна намена со АД ЕСМ, Скопје – велат инженерите.
Истечен е рокот за склучување договор за заедничко вложување и основање на Друштво за посебна намена помеѓу понудувачот Паблик пауер корпорејшн. С.А. и Aрхидрон груп од Грција со А.Д. Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, тврди Здружението на инженери.
„Ваквиот став го темелиме врз основа на роковите определени со точката 5 на Одлуката на Владата за избор на најповолна понуда за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија нод хидроелектрични централи на Црна Река (Службен В. на Р.М. бр: 192/2023 од 14.09.2023).
Оваа одлука е влезена на сила на 15 септември 2023 година, а согласно точката 5 од истата, најповолниот понудувач ППЦ-Архиродон беше должен во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука (15 декември 2023 година), да склучи договор за заедничко вложување и да основа Друштво за посебна намена со Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ, во државна сопственост, Скопје. Со оглед дека рокот предвиден со оваа Одлука е истечен, сметаме дека било каков Договор веќе не може да се потпишува.