ИСТЕЧЕ РОКОТ НА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ На избори ќе одат 25 независни кандидати за градоначалници

Државната изборна комисија информира дека потписи доставиле вкупно 57 независни советнички листи, а 13 не успеале да соберат доволен број на потписи.

369

Истече рокот за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници и за независни листи за општински совети.

Државната изборна комисија соопшти дека 25 лица ги доставиле потребните потписи за независен кандидат за градоначалник, додека 12  не ја постигнале целта.






Потписи доставиле вкупно 57 независни советнички листи, а 13 не успеале да соберат доволен број на потписи.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 17 октомври. Партиите имаат рок до 11 септември да ги достават своите кандидатури во ДИК.

Поврзани содржини