ИСТ ГЕЈТ МОЛ ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО РЕДОВНА РАБОТА ПО УВИДОТ Нема голема материјална штета од пожарот

2,361

Техничките служби на трговскиот центар Ист Гејт Мол заедно со пожарникарските служби на терен го локализираа пожарот Кој избувна денеска во 9.30 часот, и навремено го спречија неговото ширење, соопштија од трговскиот центар.

„Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани. Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета голема материјална штета. Настанот се случи во време кога трговскиот центар сѐ уште не е оперативен и нема посетители. Во моментов се врши увид за причините од страна на надлежните органи“, се наведува во соопштението од Ист гејт мол.






По завршување на увидот, трговскиот центар ќе продолжи со работа со редовно работно време.

Поврзани содржини