ИСТ ГЕЈТ МОЛ ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО 13 ЧАСОТ Само делот за брза храна ќе биде затворен за посетители

413

Трговскиот центар Ист Гејт Мол ќе продолжи со работа денеска од 13 часот. Делот за брза храна во трговскиот ќе биде затворен за посетители и за деловна дејност, соопштија од Исте гејт мол.

Tехничките служби на трговскиот центар Ист Гејт Мол заедно со пожарникарските служби на терен го локализираа пожарот кој избувна денеска во 9.30 часот, и навремено го спречија неговото ширење, соопштија претходно од трговскиот центар.






„Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани. Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета голема материјална штета. Настанот се случи во време кога трговскиот центар сѐ уште не е оперативен и нема посетители“, соопштенија претпладнево од Ист гејт мол.

Поврзани содржини