ИСПЛИВАА МОРНИЧАВИ ДЕТАЛИ Еве кој на Алек Болдвин му дал пиштол со вистински куршуми (ВИДЕО)
Светските медиуми опширно известуваат за овој страшен случај, а сега пронајдоа и два детали од сетот кои претходно не беа откриени.
Актерот Алек Болдвин (68) случајно ја уби снимателката Халина Хачинс (42) и го рани режисерот Џоел Соуза (49), во грозоморен инцидент на снимањето вестерн филмот во Ново Мексико.
Светските медиуми опширно известуваат за овој страшен случај, а сега пронајдоа и два детали од сетот кои претходно не беа откриени.
Оружјето на сетот било задача на задолжелната за оружје Хана Гутиерез-Рид (24), која поставила три пиштоли за Болдвин. Помошник режисерот Дејв Холс, потоа го одбрал „Колт“ за Болдвин и му го ставил во раката.
Холс, кој со години е во индустријата и работел на филмовите како што се „Фарго“ и „Матрикс“, гласно му потврдил на Болдвин дека пиштолот е „ладен“, односно не е наполнет со вистински куршуми.
Болдвин пукал, а куршумот поминал низ Халина и го ранил Џоел.
Хана и Дејв се именувани со полициска наредба за претрес, но холивудските медиуми пренесуваат неколку загрижувачки факти од сетот.
На Хана ова ѝ била едвај втора професионална работа, инаку е ќерка на легендарниот холивудски оружар, но е многу млада и немала доволно искуство.
Во интервјуто кое го дала пред еден месец и самата признала дека не е сигурна дека е способна самостојно да ја извршува оваа ризична работа.
Потоа, на сетот на денот на убиството избувнал штрајк. Членовите на филмската екипа биле ужасно незадоволни од условите и организирале мали демонстрации, пренесува „Дејли мејл“.
Најмногу им пречеле лошите безбедносни услови за екипата и прекувремената работа во жештините на Ново Мексико.
Наводно, и претходните денови се случувале инциденти со пиштолите – реквизити, но во нив никој не бил повредени.
Кога завршиле со снимањето во четвртокот, сфатиле дека на нивно место биле донесени други, локални работници кои не припаѓале на ниту еден синдикат, за да ги заменат.
На штрајкот се приклучила и Халина, која сакала подобри услови за колегите, но, сепак, одлучила да остане на кобниот ден. Таа одлука ја чинела живот.