Исплатата на пензиите почнува од утре

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата

294

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите и овој месец ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозмoзможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа во:






  • утре (вторник) исплата на пензии со висина до 11.000 денари,
  • среда исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари,
  • четврток исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и
  • во петок исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 28 октомври. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите, според МТСП, ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика  апелира пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Оттаму потсетуваат на обврската за носење маски и држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Поврзани содржини