ИСПЛАТА НА КАМАТАТА НА ДЕНОТ НА УПЛАТАТА НА ВЛОГОТ Стопанска банка а.д. Битола воведува промотивен депозит
Орочените средства може да бидат во денари или во евра, а минималниот задолжителен влог е 6.000 денари или 100 евра, соопшти Стопанска банка а.д. Битола.
Со цел одбележување на месецот на штедење, октомври, Стопанска банка а.д. Битола воведе промотивен депозит кој покрај најконкурентните каматни стапки се издвојува од останатите на пазарот по огромната поволност која ја има, исплаќање на каматата за вложените средства антиципативно, односно, на денот на уплата на влогот.
Орочените средства може да бидат во денари или во евра, а минималниот задолжителен влог е 6.000 денари или 100 евра.
Изборот на рок на орочување е 13, 15 или 19 месеци, а соодветно на рокот се одредува и висината на каматната стапка која може да достигне до 1,2 проценти и е фиксна, на годишно ниво.
Повеќе информации за промотивниот депозит можете да прочитате тука.