ИСПАЛЕНА НАЈМОЌНАТА СЕВЕРНОКОРЕЈСКА РАКЕТА Направени се снимки на 2.000 км од вселената (ФОТО)

Ова е седми пат месецов Северна Кореја да ги пробие санкциите на Обединетите Нации и да лансира ракета, но лансирањето никогаш не било толку спектакуларно и јавно прикажано. Се смета дека камерите биле прикачени на самата глава на ракетата.

949

Најмоќната ракета на Северна Кореја во последните пет години беше испалена вчера на висина од 2.000 километри над Земјата, а додека беше во атмосферата ракетата направи слики од Корејскиот полуостров кои потоа ги објави тамошната државна новинска агенција КЦНА. Балистичкиот проектил „Хвасонг-12“ има можност да прелета и 4.000 км во должина, а тестот бил направен за „да се потврди неговата точност“, пишува Би-Би-Си.

 






Според КЦНА, лансирањето на „Хвасонг-12“ намерно било под агол, „со оглед на безбедноста на соседните земји“. Аголот бил наштиман така за ракетата повторно да се врати во Јапонското море, без да удри на туѓа територија. Јапонија и Јужна Кореја потврдија дека ракетата достигнала височина од 2.000 километри.

Ова е седми пат месецов Северна Кореја да ги пробие санкциите на Обединетите Нации и да лансира ракета, но лансирањето никогаш не било толку спектакуларно и јавно прикажано. Се смета дека камерите биле прикачени на самата глава на ракетата.

 

Претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, не бил присутен да го набљудува лансирањето на „Хвасонг-12“, но беше присутен на лансирањето на хиперсонична ракета пред три недели, напредна ракета која може да ги заобиколи антиракетните „чадори“ на големите сили како САД, Русија и Кина.

Поврзани содржини