Исланд прва во Европа ги укина сите мерки против ковид-19

Околу 48 отсто од лицата над 16 години се вакцинирани со две дози, што ја изедначува земјата со Велика Британија, а има малку поуспешна кампања за вакцинација од САД.

249

Исланд ги укинува сите епидемиолошки мерки откако 87 отсто од населението постаро од 16 години прими барем една доза од вакцината против ковид-19.

На Исланд, каде живеат околу 369.000 луѓе, досега се пријавени 6.637 случаи на инфекција, а од почетокот на пандемијата починаа вкупно 30 лица.






Околу 48 отсто од лицата над 16 години се вакцинирани со две дози, што ја изедначува земјата со Велика Британија, а има малку поуспешна кампања за вакцинација од САД.

Сите анти-епидемиски мерки беа официјално укинати вчера, со што Исланд стана првата европска земја што ги укина целосно.

– Одлично е што вакцинацијата се случува толку брзо и безбедно. Ситуацијата во Исланд е меѓу најдобрите во светот – рече премиерката Катрин Јакобсдотир.

Торолфур Гуднасон, водечкиот исландски епидемиолог, рече дека информативната кампања била пресудна за брзо и прецизно информирање на јавноста.

– Ваков резултат немаше да биде можен без учество на јавноста, а јавноста нема да учествува ако не верува дека мерките што ги преземаме се мудри и не разбира зошто се преземаат – објасни Гуднасон.

Патниците во Исланд сè уште треба да бидат тестирани кога влегуваат во земјата, а оние кои не биле вакцинирани мора прво да поминат пет дена во карантин, по што повторно се тестираат.

Поврзани содржини