📽️ 📷 ИСКРИ ЛЕТАА ВО РИМ! БАКНЕЖИ И СТРАСНИ ПОГЛЕДИ Средбата на Макрон и Мелони го запали интернетот

Сцените од нивното сречно ракување, блиските погледи и неколкуте бакнежи во образ беа доволни за дел од корисниците на социјалните мрежи да се запрашаат: „Дали ова беше дипломатска средба или нешто повеќе?“. Некои дури коментираа дека „Макрон бил очигледно фасциниран од италијанската премиерка“.

3,518

Срдечни прегратки, насмевки и размена на бакнежи во образ — фотографиите од средбата меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони предизвикаа вистински бум на социјалните мрежи.

Тие се сретнаа во Рим во обид да ги смират затегнатите односи меѓу Париз и Рим, но според реакциите на интернет, многумина ја видоа средбата со сосема други очи.






Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Сцените од нивното сречно ракување, блиските погледи и неколкуте бакнежи во образ беа доволни за дел од корисниците на социјалните мрежи да се запрашаат: „Дали ова беше дипломатска средба или нешто повеќе?“. Некои дури коментираа дека „Макрон бил очигледно фасциниран од италијанската премиерка“.

Иако меѓу нив постоеле сериозни несогласувања во минатото, Мелони неодамна изјави дека проблемите се „политички, не лични“, и отворено ја поддржа идејата за нов почеток во француско-италијанските односи. Според француски извори, токму Макрон бил иницијатор на оваа средба, со цел „да ги зближи Европејците, но и да изгради конструктивна соработка со неа“.

Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Средбата се одржа само неколку недели по контроверзниот самит во Тирана, каде Мелони беше забележливо отсутна од тесниот состанок на Макрон со Зеленски и останатите европски лидери.

Иако политичките теми беа на маса – од миграција до ставовите за Украина и Трамп – вниманието на јавноста овојпат го однесоа гестовите, погледите и говорот на телото.

Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI
Поврзани содржини