Искра или талог од експлозивна хемикалија го предизвика пожарот во велешката топилница?
„Увид на терен направија и инспектори од СВР Велес и констатирано е дека пожарот избувнал во текот на сечење метал од постројка за филтрирање.
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) итно направи увид во кругот на поранешна Топилница во Велес откако по силна експлозија вчера мај избувна пожар. Топилницата е индустриско еколошко жариште, а објектите се во сопственост на Метрудхем.
„Увид на терен направија и инспектори од СВР Велес и констатирано е дека пожарот избувнал во текот на сечење метал од постројка за филтрирање, но не може да се утврди дали причината е контакт на искра со стара електрична инсталација, или со талог од експлозивна хемикалија“, соопшти ДИЖС.
За да се спречи можна хаварија, Државниот инспектор за животна средина вчера изрече усна забрана за работа на ЗД Отпад Охрид, компанија која е ангажирана од Метрудхем да го отстрани отпадниот метал од локацијата. Во најитен рок Метрудхем мора да достави документација за отстранување хемикалии и опасен отпад и нивно евентуално чување на локацијата. Истовремено, се врши надзор и врз ЗД Отпад Охрид, за да се утврди колкави количини отпаден метал се веќе отстранети и дали отпадниот метал е потенцијално контаминиран со опасни материи. По анализата на документацијата и прибирањето докази, ќе бидат преземени соодветни мерки.