ИСКОПАН Е ВО БОЦВАНА И ИМА 2.492 КАРАТИ Пронајден е вториот најголем дијамант во светот

Претходно, во 2019 година во овој рудник беше откриен дијамант од 1.758 карати, како и дијамант од 1.109 карати во 2015 година.

261

Канадската рударска компанија Лукара Дајмонд Корп денеска ја информираше светската јавност дека во нивни рудник во Боцвана ископала дијамант од 2.492 карати, што е најголемиот дијамант некогаш откриен во оваа земја и втор по големина во светот.

Канадската компанија соопшти дека дијамантот е пронајден и ископан во рудникот за дијаманти „Карова“, во северниот дел на централна Боцвана.






– Ова откритие не само што го покажува исклучителниот потенцијал на нашиот рудник „Карова“, туку и ја поддржува нашата стратешка инвестиција во најсовремената технологија „KSRT“ – рече претседателот и главен извршен директор на Лукара, Вилијам Ламб.

Претходно, во 2019 година во овој рудник беше откриен дијамант од 1.758 карати, како и дијамант од 1.109 карати во 2015 година.

Поврзани содржини