ИСКАСАПЕНАТА ТИКТОКЕРКА ПРИМАЛА ХОРМОНСКА ТЕРАПИЈА Нејзината цимерка вели дека момчето ја терало да се дрогира

Не ми рече дека ѝ се заканувал, туку дека ја терал да се дрогира, а таа примала хормонска терапија, изјавила цимерката на Ноа.

1,800

Ноа Миливојев, тиктокерката кој беше брутално искасапена од нејзиното момче во Белград, беше погребана денеска на гробиштата Ковиље. На погребот беше пријателката и цимерката на убиената Ноа, Ана Марија Павловиќ, која во голема исповед зборуваше за неа и О.Д.(33), осомничен за убиството, пишуваат српските медиуми.

– Ноа беше одлична, лојална пријателка… ми се пожали дека О. ја малтретирал, ја тепал и психички ја малтретирал. Не ми рече дека ѝ се заканувал, туку дека ја терал да се дрогира, а таа примала хормонска терапија. Последен пат сама ја видов на 17-ти јуни секогаш ми се јавуваше 20 минути пред да го остави дечкото да си оди дома, потоа два дена не ми одговараше и ѝ се јавив на мајка и, па беше пријавена за исчезната. Бев шокирана кога слушнав дека е убиена. Прво слушнав дека е обесена, а потоа и искасапена – рече таа.

Цимерката на Ноа откри и каде и како се запознале О.Д. и Ноа Миливојев. Таа го спомна и Кенгурот, личноста со која Ноа снимаше на социјалната мрежа ТикТок.

– Тие двајца се запознаа преку апликација. (О.Д.) беше страшно љубоморен, полуде кога виде што таа прави со Кенгур на ТикТок. Мислев дека Кенгур е во ред, кога го видов во живо после снимката се згрозив. О.Д. по снимката беше добро, но потоа еден ден само се откачи. Ниту Ноа не сакаше никого да запознае со О., и таа беше љубоморна…Инаку, чудно ми е што нејзиниот брат близнка не дојде тука на погребот  – изјавила Ана Марија Павловиќ и ја завршила исповедта со зборовите „Девојки, пазете се! “

 

Поврзани содржини