Исечени 13 дрвја на Орце Николов, граѓаните гневни општината најавува нови садници
Делот во кој се исечени дрвјата е од улица Ленинова до Наум Наумовски-Борче.
На улицата Орце Николов која веќе еден месец се реконструира денеска се исечени 13 дрвја. Делот во кој се исечени дрвјата е од улица Ленинова до Наум Наумовски-Борче. Од општината Центар велат дека дрвјата биле стари и болни, а од ИП „Паркови и зеленило“ дека на есен ќе бидат засадени нови дрвја.
Сечата на дрвјата ги вознемири жителите од тој дел од градот и активните на социјалните мрежи.
Од општината тврдат дека се исечени стари и стари и болни дрвја кои имаат гнили стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите.
Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека овие дрвја веќе подолг период биле обележани како стари и информираат дека изминативе три години подигнати се нови дрвореди и засадено е ново зеленило низ целиот град, а во пролетната акција ќе бидат засадени 8.000 дрвја.