ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА РЕЏЕПИ ПРИЈАВЕНО ВО ПОЛИЦИЈА Од Беса не можат да стапат во контакт со пратеникот
Од Беса велат дека е сомнително што не дошол Реџепи на седницата, имајќи предвид дека се потпишал на иницијативата за гласање недоверба на Владата и дека во ниту еден момент тој пред сопартијците не искажал резерви во поглед на своето присуство и гласање на собраниската седница.
Во својата изјава пред новинарите Касами рече дека се сомневаат за судбината на пратеникот Реџепи оти станало очигледно дека „режимот е подготвен на се за да ја зачува власта“.
„Немам информација каде се наоѓа Кастриот Реџепи, а немав никаква најава или сигнал од него дека ќе направи ваков потег”, рече Касами и не одговори на новинарското прашање дали можеби е пријавено во полиција дека никаде го нема пратеникот..
Од Беса велат дека е сомнително што не дошол Реџепи на седницата, имајќи предвид дека се потпишал на иницијативата за гласање недоверба на Владата и дека во ниту еден момент тој пред сопартијците не искажал резерви во поглед на своето присуство и гласање на собраниската седница.
Ниту еден пратеник од Собранието во денешните изјави не кажа дека имал контанкт со пратеникот Реџепи, поради чие отсуство сега опозицискиот блок има недоволни 60 гласа за изгласување недоверба на Владата.