ИСЧЕЗНАТ 74-ГОДИШНИК ВО ЛАЗАРОПОЛЕ Полицијата го пребарува теренот
Според првичните информации, се работи за повозрасен маж кој има деменција и последен пат бил виден околу 13.30 часот.
Полициски службеници вршат пребарување по теренот во атарот на селото Лазарополе за пронаоѓање на повозрасен маж.
Неговото исчезнување било пријавено попладнево околу 17:30 часот преку Е-112, број за итни повици.
Од ЦУК ја потврдија информацијата која, како наведуваат, е дојдена од Регионалниот центар Тетово.
Според првичните информации, се работи за Д.П., на возраст од 74 години, кој има дијагноза деменција и последен пат бил виден околу 13:30 часот.