Од јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник М.А., на возраст од 16 години од Струмица, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен вчера во 12 часот во полициската станица Карпош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје вчера лишиле од слобода двајца малолетници, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
– Полициски службеници постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.35 часот во населба Шуто Оризари во Скопје од страна на две малолетни лица со остар предмет му биле нанесени повреди на 14-годишник. Повредениот малолетник е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, се наведува во соопштението од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.