ИСЧЕЗНА СПОМЕНИКОТ НА МИСИРКОВ, ОШТЕТЕНА БИСТАТА НА РАЦИН, УКРАДЕНИ СПОМЕНИЦИ ОД ГРОБИШТАТА ВО БУТЕЛ Нова серија вандализам во Скопје

231

Во Градскиот парк кај бараките на Град Скопје е украден споменикот на Крсте Петков Мисирков, додека спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. До полицијата вчера исто така имало пријава дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски, но и дека биле украдени две бронзени бисти од Градските гробишта Бутел.

„На 12.05.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП ‘Паркови и зеленило’ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.






Истиот ден, додаваат, било пријавено дека од дворот на Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, била одземена и спомен биста на Ѓорѓија Пулевски.

– Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски – додаваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

МВР информира и дека вчера Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти и дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини