Најголемиот водопад во Еквадор изгледа исчезнал откако голема провалија проголтала поголемо количество вода која се слевала кон водопадот.
Водопадот Сан Рафаел беше голема туристичка атракција, јавува CNN, и привлекувал десетина илјади луѓе годишно. Водопадот беше висок 45 метри и завршувал во кратер.
Според снимките на НАСА водопадот исчезнал, а останале три потоци.
Експертите од еквадорското министерство за животна средина веруваат дека провалијата се отворила низводно во февруари и го пренасочил речниот тек во подземјето.
Се уште не е јасно дали станува збор за природна појава или промената на речниот тек е предизвикана со изградбата на брана.