Ирските пабови пред банкрот, ќе бидат затворени најмалку до август

390

Пабовите во Ирска ќе бидат затворени најмалку до август поради пандемијата со ковид-19,  поради што на многу од нив им се заканува банкрот, а околу 50.000 лица ќе останат без работа.

Околу 7.200 пабови се затворени 2,5 месеци, огромни количества пиво се складирани, а нема кој да го купи.






Сопствениците на пабовите секоја година набавуваат илјадници буриња пиво за традиционалниот ирски празник Денот на Свети Патрик, што се слави на 17 март.

Од пабовите во Ирска во државната каса се слеваат 2,4 милијарди годишно.

Во Велика Британија пропаднале 40 милиони литри пиво, а на пиварницата Гинис поради здравствената криза ѝ пропаднале околу 245.000 буриња пиво.

Поврзани содржини