Ирската нискобуџетна компанија нема да лета најмалку два месеци

Земјите брзо ги затвораат границите и наметнуваат замрзнување на летови за да го запрат ширењето на заразата, што значи дека авиокомпаниите драстично ги губат нивните рути.

395

Нискобуџетната авиокомпнија „Ryanair“ од Ирска, одлучи да ја приземји својата флота најмалку во следните два месеци, објави извршниот директор Мајкл О’Лири.

Во прилог на сите клиенти на „Ryanair“, шефот на авиокомпанијата изјави дека пандемијата од коронавирусот „ги трансформирала животите на луѓето ширум Европа и светот“.






Земјите брзо ги затвораат границите и наметнуваат замрзнување на летови за да го запрат ширењето на заразата, што значи дека авиокомпаниите драстично ги губат нивните рути.

Глобалните авиокомпании во вторникот ги повикаа владите да ги забрзаат мерките за спасување на секторот за воздушен сообраќај, удвојувајќи го проценетиот пад на приходите во 2020 година, како резултат на коронавирусот на повеќе од 250 милијарди американски долари.

Поврзани содржини